Подгответе се за музички маратон – вечерва (17 мај) стартува големото финале на 69-тото издание на Евровизија, директно од арената St. Jakobshalle во Базел, Швајцарија. Шоуто почнува во 21:00 часот по средноевропско време!
На сцената ќе се искачат 26 земји – 20 кои успеаја да се пробијат преку двете полуфиналиња, плус „вечните“ директни финалисти: Франција, Германија, Италија, Шпанија, Обединетото Кралство и, секако, домаќинот Швајцарија.
Поврзани објави
Фаворити за круна?
Според обложувалниците, Шведска е главен играч со заразната „Bara Bada Bastu“ од триото KAJ. Но, не заостанува ниту Израел, кој ќе се претстави со енергичната „New Day Will Rise“ на Yuval Raphael. Подгответе се за тешка дилема – глас по вкус!
Шоуто ќе го отвори минатогодишниот победник Nemo, кој ќе ја изведе хит-песната „The Code“. А за носталгичарите – ќе има и настапи од поранешни евровизиски ѕвезди, вклучувајќи ги Baby Lasagna и Käärijä. Да, ќе има „Cha Cha Cha“ енергија! Како и секогаш, победникот ќе се одлучи преку комбинација од гласови на националните жирија и публиката. А новитетот – може да се гласа и од „остатокот од светот“ преку онлајн платформа. Светот навистина гласа! Во Македонија, Евровизија ќе се емитува во живо на националната телевизија со почеток во 21:00 часот. Вклучи, уживај и навивај – макар и без наш претставник годинава.