Почетна СветСамит во Тирана за посилна и обединета Европа – пораки за единство, безбедност и просперитет

Самит во Тирана за посилна и обединета Европа – пораки за единство, безбедност и просперитет

од nenad
2 минути читај за

Над 40 европски земји, главните теми покрак интеграцијата на Западен Балкан се и безбедноста на Европа, економската соработка, енергетиката. Дискусиите се фокусираа и на демократската стабилност на Европа, конкурентноста и економската безбедност, сложената динамика на миграцијата и војната меѓу Русија и Украина.

Европската Унија е посветена на создавање просперитет, вклучително и преку план за раст за Западен Балкан. Поврзаноста мора да биде високо на нашата агенда. Веќе создаваме такви можности преку нашата програма за Украина и нашите планови за раст за Западен Балкан и Молдавија. Светскиот поредок е нарушен од „империјалистичките амбиции“ на рускиот претседател Владимир Путин, како и од други глобални проблеми. Европа останува обединета во својата непоколеблива поддршка за Украина, порача Фон дер Лајен нагласувајќи дека тоа е и причината за формирањето на Европската политичка заедница, по што најави нова рунда санкции против Русија.

Во овие нови граници, да им дадеме на младите во Европа, на новите бизниси, подобра причина да останат отколку само да зборуваат за оружје и вооружување. И да им дадеме силен мотив да градат, да сонуваат на европска почва, наместо да ги свртуваат очите и да одат далеку за да ги остварат своите соништа, рече Рама.

Она што беше интересно за медиумите е дека домаќинот Рама ги пречекуваше гостите во негов стил, со чадор на црвениот тепих. Особено впечатлив беше пречекот на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која ја дочека на колена, а таа се пошегува дека тоа го прави за да биде висок колку неа.

Со одржувањето на самитот во Албанија, Тирана стана центар на Европската дипломатија, што е исклучително важно за регионот бидејќи ова е прв ваков собир на Европската политичка заедница што е организиран во Западен Балкан.

Пред официјалниот старт синоќа во Тирана, Кошта организираше вечера за водачите на шесте земји од Западен Балкан на која  присуствуваа Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен и  високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Kaлас.


Post Views: 30

Извор : vesnik-ilinden.com

Самит во Тирана за посилна и обединета Европа – пораки за единство, безбедност и просперитет