Почетна Убавина и здравјеИм се потсмеваат на другите и секогаш мислат дека се во право – Убавина и здравје

Им се потсмеваат на другите и секогаш мислат дека се во право – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Постои јасна разлика меѓу вистинската интелигенција и глумата, а се забележува од следниве начини на размислување

Вистинската интелигенција се заснова на љубопитноста, приспособливоста и способноста за решавање проблеми. Не станува збор за знаење многу работи, туку за ефикасна примена на знаењето.

Вилијам Шекспир кажал: „Биди верен на себе“. Оваа мудрост особено важи кога станува збор за интелигенцијата, бидејќи вистинската интелигенција не подразбира преправање или глума – таа се темели на постојано учење, искрена љубопитност, емпатија и самосвест.

Еве 5 јасни знаци дека некој само се преправа дека е интелигентен…

1. Премногу банализираат

Вистински интелигентните луѓе знаат дека животот е комплициран. Тие ги ценат нијансите, ги прифаќаат „сивите“ зони и прават длабоки анализи. Од друга страна, оние кои се преправаат дека се интелигентни, честопати претерано ги поедноставуваат работите. Склони се да сведуваат сè на основи, црно-бели поими. Нудат едноставни одговори на сложени проблеми и одбегнуваат подлабоки анализи.

2. Секогаш мораат да бидат во право

Дури и кога ќе им се прикажат јасни докази што ги демантираат, ваквите луѓе ги извртуваат фактите или ја менуваат темата само за да не ја признаат грешката. Поважно им е да ја задржат сликата за себе како „паметни“ отколку да учат или да се развиваат. Ова е класичен знак – некој кој секогаш мора да биде во право најверојатно го прикрива недостигот на вистинска интелигенција. Така ја кријат несигурноста и го штитат своето его.


Поврзани објави

3. Злоупотребуваат „големи“ зборови

Јазикот е моќна алатка и начинот на кој го користиме кажува многу за нас. Оние што се преправаат дека се паметни честопати користат тешки зборови за да ги импресионираат другите. Иронично, истражување објавено во магазинот Applied Cognitive Psychology покажало дека користењето комплициран вокабулар таму каде што едноставниот би бил доволен, всушност, прави говорникот да делува помалку интелигентно. Вистинската интелигенција честопати оди рака под рака со јасноста и способноста комплицираните поими да се објаснат на едноставен начин.

4. Им недостасуваат вештини за критичко размислување

Интелигенцијата не се однесува само на знаењето, туку и на начинот на којшто го користиме. Критичкото размислување е клучниот показател за вистинска интелигенција. Оние што само глумат дека се паметни, честопати ја немаат таа вештина. Наместо да ги преиспитуваат информациите или да ги согледуваат од различни агли, ги прифаќаат „здраво за готово“. Честопати донесуваат избрзани заклучоци без анализа или разгледување други можности.

5. Не се љубопитни

Љубопитноста е едно од обележјата на интелигенцијата – таа нè поттикнува да учиме, истражуваме и подобро да го разбираме светот околу себе. Но кај оние кои само се преправаат дека се интелигентни, љубопитноста најчесто изостанува. Тие се задоволни со тоа што веќе го знаат и ретко покажуваат интерес за нови сознанија. Не поставуваат дополнителни прашања ниту сакаат да слушнат поинакви ставови. Поважно им е да ја одржат фасадата на паметни луѓе одошто да го прошират своето знаење.

ФОТО: Lucrezia Carnelos / Unsplash