Џејла искрено откри зошто дошла – судир очи во очи!
Јавноста долго време шпекулираше за природата на односот меѓу Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ, но пејачките неодамна повторно се сретнаа очи во очи.
На снимањето на новите емисии на популарното талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“, членовите на жирито пристигнуваа еден по еден во студиото во Кошутњак.
Меѓу првите пристигна поп-пејачката Марија Шерифовиќ, која, како и секогаш, успеа да ги избегне медиумите, не сакајќи да дава изјави, ниту да се фотографира. Со добро познатото однесување, вешто „избега“ од сите присутни.
Поврзани објави
Но веднаш по неа – на големо изненадување – пристигна и младата пејачка Џејла Рамовиќ, која, да потсетиме, некогаш беше дел од тимот на Марија додека се натпреваруваше во истото шоу.
Џејла беше видно расположена и пред собраните новинари откри дека дошла во Гранд за да ја промовира својата нова песна. Со стилот на облекување ги воодушеви сите – носеше широк зелен комбинезон, а косата ја имаше врзано со шнола.
И таа се упати кон студиото каде што веќе се наоѓаше Марија – а јавноста со нетрпение чека да дознае како помина нивната средба.
Фото: Инстаграм