На жените во Египет не им е дозволено да работат, но оваа жена, иако неписмена, успеала во најтешките мигови да го издржува своето семејство, го извадила хиџабот, се потстрижала кратко и си го продала бубрегот
Египќанката Бахиа Сулејмани жртвувала сè за да го издржува својот болен сопруг и нивното дете. Го извадила хиџабот, се потстрижала и ја сокрила својата женственост за да може да работи како градежник, претставувајќи се како маж по име Бакар. Тоа траела дури четири години, но во еден момент си го продала бубрегот за да го прехрани своето сиромашно семејство.
Сулејмани се нашла во центарот на вниманието минатата година откако гостувала во египетската емисија „90 минути“. Во разговорот со водителот, Бахиа објаснила како се жртвувала за своето семејство на потполно поинаков начин.
Имено, нејзиниот сопруг е инвалид и не е во можност да работи и да го издржува своето семејство, поради што 32-годишната мајка на три деца го извадила хиџабот, се потстрижала, се облекла како маж и почнала да работи во индустрии каде што претежно доминираат мажи.
„Прво почнав да работам во градежништво, носејќи аба и превез, но луѓето не ме сфаќаа сериозно“, објаснила таа.
Преправена како маж, Сулејмани работела на градилиште во градот Бени Суеф. Работела прекувремено за да заработи дополнителни пари, пред да биде разоткриена од полицијата, која ѝ го одзела возилото, нејзиниот клучен извор на приход, поради тоа што немала возачка дозвола. Тогаш откриле дека таа не е маж, туку жена и затоа не можела веќе да работи на градилиште.
Несреќната жена не успеала да обезбеди 3.000 египетски долари (168 американски долари), кои ѝ биле потребни за да ја плати паричната казна и да си го преземе своето возило.
„Кога ќе видам жени облечени во женска облека, ме боли“, одговорила таа кога водителот ја прашал дали ѝ недостасува животот како жена.
Поврзани објави
Но тоа не е сè. Кога долгот почнал да се зголемува, Сулејмани одлучила да го продаде својот бубрег за да одбегне затворска казна.
„Кога го продадов бубрегот, бев многу уморна и едвај стоев на нозе“, се присетила таа.
Додека нејзиното семејство продолжило да се бори со долговите, властите одлучиле да се вмешаат.
Гувернерот на градот Бени Суеф најавил дека на Бахиа ќе ѝ ги овозможи сите средства за пристоен живот, ветувајќи ѝ дека службеници ќе го посетат нејзиното семејство и ќе ги земат предвид нивните тешки околности. Ѝ помогнал, но таа објаснила дека зајмувањето машки идентитет ѝ овозможило да извршува улоги кои се забранети за жените и одбегнала опасни закани за сексуално вознемирување.
„Тешко е кога жената ќе се откаже од својата женственост. Би направила сè за моето семејство. Тоа беше единствениот начин да заработам пари. Што друго можев да направам? Не знам ни да читам ни да пишувам, семејството не ми обезбеди школување, но јас сакам да му го обезбедам тоа на моето дете, а ова беше единствениот начин.“
ФОТО: Принтскрин Јутјуб