Драган Којиќ Кеба, покрај синот Игор и ќерката Наташа, ја има и ќерката Ина Јевремовиќ, родена од вонбрачната врска со Љиљана Јевремовиќ. Љиљана, која вчера јавно им се обрати на Кеба и на Бане Обрадовиќ, со години водеше судски спор со Којиќ за да го докаже татковството — што и успеа пред неколку години. Судот утврди дека Кеба е татко на Ина, но тој, наводно, никогаш не сакал да ја запознае.
Ина Јевремовиќ во февруари минатата година наполни 25 години, а многумина велат дека е девојка за пример, со која секој родител би се гордеел. Не е особено активна на социјалните мрежи, но познато е дека студира психологија на Факултетот за медиуми и комуникации.
Дека Ина не сака нејзиниот татко да биде дел од нејзиниот живот, сведочи и објавата на нејзината мајка Љиљана на „Фејсбук“:
Мојот херој — не го сака презимето на татко ѝ, ниту неговата валкана слава, ниту неговото богатство. Гордa и храбра девојка, која издржа тони неправди, ги симна од своите плеќи и продолжи напред“, напиша Љиљана во една објава придружена со фотографија.
Поврзани објави
Кеба, како и другите членови на семејството, никогаш не сакале да зборуваат за Ина, а Наташа Којиќ еднаш накратко прокоментира:
Таа девојка не ми е сестра и сè што се случува околу неа никогаш немало, ниту ќе има врска со мене“, изјави Наташа во интервју за „Стори“.
Фото: Printscreen Facebook