На жените им е идол, а мажите би дале сè за да бидат со неа
Во морето пластични убавици, таа е вистинско освежување. Таа е доказ дека и природната убавина се цени. Нема направено ниту една естетска корекција, а целиот свет ѝ завидува поради изгледот.
На жените им е идол, а мажите би дале сè за да бидат со неа. Но на нивно разочарување, таа желба не може да им се оствари, бидејќи Кенза е во среќен брак со Алекс Субошиќ, кој по потекло е од нашите простори. Тие имаат тројца синови, Никола, Данило и Саша, а сега чекаат уште едно дете – девојче. На Инстаграм објавиле видео во кое го откриваат полот на бебето и нивното изненадување кога дознале дека станува збор за девојче. Како што самите откриле, мислеле дека тоа е невозможно и дека и ова бебе ќе биде од машки пол.
Тие редовно ги споделуваат своите заеднички активности со нивните следбеници и им го прикажуваат секојдневниот живот.
Во 2009 година година, Кенза го запознала Александар Субошиќ, каратист од Црна Гора и започнале романтична врска. Нивната љубов во 2017 година била крунисана со спектакуларна венчавка, која привлекла големо внимание кај јавноста.
Поврзани објави
Нивниот однос издржал бројни предизвици. И двајцата отворено имаат зборувано за проблемите што ги имале околу зачнувањето. Кенза со години подлегнувала на лекарски третмани за да забремени, па често нагласува колку му е благодарна на Бога што ѝ подарил толку деца. Неодамна, додека им одговарале на прашањата на следбениците, рекле дека сите деца, освен бебето што го чекаат моментално, се добиени со медицинска помош, додека девојчето што наскоро ќе дојде на свет е зачнато по природен пат.
Кенза се занимавала со моделство, а денес има своја линија на облека. Александар многу ги поддржувал амбициите и соништата на Кенза. Заедно основале семејство и го прошириле својот моден бизнис, претворајќи го во вистинска империја.
Таа е една од ретките жени кои не се плашат да го покажат своето „вистинско“ лице, па така, често можеме да ја видиме без шминка и во лежерни изданија.
Многумина велат дека таа е една од најубавите жени во светот. Дали се согласувате?
ФОТО: Инстаграм