82
На 02.03.2023 во 20:40 часот на регионалниот пат Валандово-Струмица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран, дале знак запирање на патничко возило “опел зафира” со струмички регистарски ознаки. Сепак, возилото продолжило да се движи кон селото Костурино, каде 8 лица мигранти од Сирија излегле од возилото и биле фатени. Возачот побегнал.
Јавниот обвинител е известен за настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.