Оваа објава, полна со емоции и сеќавања, потсети на убавите моменти поминати со семејството, а Ника уште еднаш ја покажа својата нежна и искрена страна.
Ника Тошиќ, ќерката на поп-пејачката Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, иако е многу млада, веќе има огромен број следбеници на социјалните мрежи, каде што секојдневно споделува делови од својот живот.
Без разлика дали станува збор за интересни модни комбинации, танцови предизвици или искрени пораки, Ника никогаш не ја остава својата публика рамнодушна.
Овојпат, ги допре сите со објава посветена на нејзината покојна баба, познатата радиоводителка Дивна Карлеуша, со која била многу блиска.
Поврзани објави
На Instagram Story, сподели нежна фотографија од детството на која баба ѝ Дивна ја гушка цврсто, придружена со емотивна порака што предизвика солзи кај многумина.
Нејзината објава предизвика бројни реакции, а следбениците во коментарите ги споделија своите сеќавања на Дивна и ѝ упатија зборови на поддршка на младата Ника.
Фото: Printscreen Instagram