Почетна ЕкономијаЗА ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА ОДЕЛЕ КАЈ МАТИЧНИ ЛЕКАРИ ВО ВЕЛЕС, ИАКО БИЛЕ ОД ТЕТОВО – МАКТЕЛ

ЗА ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА ОДЕЛЕ КАЈ МАТИЧНИ ЛЕКАРИ ВО ВЕЛЕС, ИАКО БИЛЕ ОД ТЕТОВО – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Луѓето што плаќале поткуп за да добијат инвалидска пензија или надоместок за туѓа нега ги откажувале своите матични лекари во Тетово или во Скопје и патувале во друг град, поконкретно во Велес за таму да си одберат конкретен матичен лекар, зашто знаеле дека преку него ќе им успее да добијат инвалидска пензија и тоа било јавна тајна. Ова е еден од елементита на големата истрага што ја почна Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за старата и добро позната „болка“ во македонското општество: инвалидски пензии и надоместоци за туѓа нега со мито, врски и со „исповрзани“ профитери од службите.

Бидејќи надоместокот за туѓа нега се доделува преку Министерството за труд и социјална политика, несомнено во целата шема се вклучени и службеници од Центрите за социјални работи. Според сознанија на „Слободен печат“, во еден од центрите за социјални работи, каде биле примани барањата за туѓа нега се случувале големи фалсификати. Имено, и покрај тоа што во системот на здравство наодот бил негативен односно пишувало дека човекот не треба да добие надоместок за туѓа нега, сепак имало случаи каде таа била доделувана – со печат ставен на фалсификувана медицинска документација. Ваквата двојна евиденција уште се истражува.