Фолк ѕвездата сподели детали од својот тридневен план за исхрана, со кој постигнала неверојатни резултати…
Јелена Карлеуша, позната по својот впечатлив изглед, откри дека успеала да ослабе 10 килограми благодарение на својот тридневен план за исхрана.
Пејачката се декларира како вегетаријанка и не консумира месо. Во нејзиниот режим на исхрана вклучува минимално количество животински протеини, како јајца, риба и млечни производи, додека акцентот го става на големи количини овошје и зеленчук.
Интересно е што Карлеуша никогаш не пие кафе, внесува најмалку три литри вода дневно и избегнува слатки.
Поврзани објави
Нејзиниот тридневен план за исхрана, кој го сподели со фановите, предизвика голем интерес и позитивни реакции од нејзините фанови и следбеници.
План за еден ден:
-
Појадок:
Смути од банана, бобинки и бадемово млеко + една рака бадеми. -
Ужина:
Јаболко или портокал. -
Ручек:
Голема салата со рукола, спанаќ, домати, краставици и маслиново масло, со додавање малку варена риба или варено јајце. -
Ужина:
Чиа пудинг со растително млеко и свежи малини. -
Вечера:
Парена брокула, карфиол и моркови со малку младо сирење. -
Течности:
Најмалку три литри вода преку целиот ден, без кафе и без засладени пијалаци.
printskrin Youtube-informer