Познатиот водител зборуваше за својата борба со килограмите и како успеал да го промени својот животен стил...
Огњен Амиджиќ, популарниот српски водител, откри дека најтешката фаза во неговата борба со килограмите била по операцијата на гласните жици во 2003 година. Тогаш му било забрането да пуши, а како замена за никотинот, се утешувал со храна, што довело до зголемување на тежината до 103 килограми.
Никогаш не сум бил свесен колку ќе ми недостига пушењето. Кога ми беше забрането, почнав да јадам повеќе. Плус, користев и лекови кои влијаеја на мојот метаболизам“, изјави Амиджиќ.
Поврзани објави
По оваа фаза, водителот успеал да ја намали тежината, но повторно се соочил со проблеми кога неговата сопруга била бремена. Стресот и недостатокот на сон довеле до лоши навики во исхраната и развој на инсулинска резистенција.
Тогаш сфатив дека морам да направам промени. Почнав да се фокусирам на здрава исхрана и редовна физичка активност“, додаде тој.
printskrin Youtube-amig shov