Почетна Убавина и здравјеЈа облекла ОВАА боја и заблескала! – Убавина и здравје

Ја облекла ОВАА боја и заблескала! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Ева Лонгорија изгледа многу помладо кога ќе облече фустан во оваа боја

Сјајот на Ева Лонгорија заблескал низ целата палата Ифема во Мадрид, кога актерката се појавила на доделувањето награди „Платино“ во неверојатен црн фустан што го одзема здивот.

Познатата актерка и продуцентка, најпозната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“, заблескала во гламурозен црн фустан без прерамки, украсен со сребрени детали и раскошно деколте во форма на срце. Фустанот совршено ја следел линијата на телото, нагласувајќи ја нејзината беспрекорна фигура, додека Ева гордо позирала држејќи ја во раце својата почесна награда.

На црвениот килим во палатата Ифема во Мадрид, Ева била вистинско олицетворение на елеганцијата и самодовербата. Минималистичкиот избор на накит – впечатливи обетки од дијаманти – дополнително ги нагласил раскошот на нејзината тоалета и нејзината природна убавина.

Многумина забележале дека Ева Лонгорија изгледала помладо од своите години, а црната боја на фустанот дополнително придонела за овој визуелен ефект. Покрај тоа, црната боја одлично ги крие сите несовршености.


Поврзани објави

Покрај поради одличното модно издание, Ева Лонгорија била во центарот на вниманието и поради самата награда, која претходните години ја имаат добиено великани како Беницио дел Торо, Антонио Бандерас и Диего Луна.

Вечерта била магична и поради слаткото изненадување – наградата ѝ ја врачила нејзината блиска пријателка, Софија Вергара, која ѝ се обратила со емотивни зборови:

„Ева, ти си најдобра. Сè што имаш направено преку твојата фондација, за децата и за луѓето на кои им помогна – ја заслужуваш оваа награда.“

Долгогодишното пријателство на Ева и Софија, како и нивната посветеност на промоцијата на латино-културата во светот на филмот и телевизијата, дополнително ја обележале оваа посебна вечер.

ФОТО: Инстаграм