Керис Зита Даглас е една од најубавите ќерки во Холивуд
Холивудската актерска двојка Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас, кои оваа година обележуваат 25 години брак, имаа уште еден посебен повод за славење – роденденот на нивната ќерка Керис.
Младата наследничка неодамна наполни 22 години, а родителите ѝ упатија емотивни честитки на социјалните мрежи, искажувајќи ја големата гордост што ја чувствуваат кон неа.
Иако се познати по тоа што грижливо ја чуваат приватноста на семејството, Кетрин, сепак, за оваа пригода споделила ретки и интимни семејни моменти на инстаграм-стори. Таа споделила значајни мигови со својата ќерка кога сè уште била девојче. Керис, која јавноста постојано ја споредува со нејзината славна мајка поради физичката сличност и елеганција, пораснала во исклучително образована и самосвесна млада жена.
Поврзани објави
Моментално студира на престижниот универзитет Браун на Роуд Ајленд, исто како и нејзиниот постар брат Дилан, а дел од студиите завршила и во Европа. Освен тоа, се испробала и во светот на модата, каде што покажала дека покрај академските амбиции, поседува и изразено чувство за стил и уметност.
И покрај славата на нејзините родители, Керис си гради сопствен идентитет и кариера.
ФОТО: Инстаграм