Ви откриваме еден од најлесните начини на приготвување чоколадно суфле
Состојки:
- 200 г чоколадо за готвење
- 250 г маргарин
- 100 г шеќер
- 100 г брашно
- 3 јајца
- Прилог: сладолед од ванила
Приготвување:
Рецептот навистина е лесен. Прво, треба да ги стопите чоколадото и маргаринот и да ги измешате. Потоа, изматете јајца со шеќер, па измешајте ги заедно со чоколадото и маргаринот.
Поврзани објави
Во смесата постепено додавајте брашно и истовремено матете. Продолжете со матење додека добиете хомогена смеса, која ќе ја префрлите во калапи за суфле. Можете да употребите и калапи за мафини, но добро намрсете ги претходно.
Десертот се пече осум до десет минути на 230 степени, во зависност од јачината на рерната.
Важно е да се потпече површинскиот слој, а однатре да остане кремлив. Како прилог најдобро оди сладолед од ванила. Добар апетит!
ФОТО: Maartje ter Beek / Unsplash