Почетна Економија„Стокомак“ се шири надвор од нашите граници: отворен првиот објект во Пирот

„Стокомак“ се шири надвор од нашите граници: отворен првиот објект во Пирот

од nenad
1 минути читај за

Планирано е во следните неколку месеци да се отворат осум продавници во оваа област. Во понудата се квалитетни производи од светски брендови, српски производи, како и брендови на Стокомак.

Во Пирот денеска беше отворен првиот објект во Србија на познатиот синџир маркети од Македонија „Стокомак“.

Објектот има над 600 м/квадратни продажен простор.

-На понуда се околу 1.400 артикли, изјави Зоран Младеновиќ, извршен директор на компанијата Стокомак за Србија.

– Планот за Србија е да почне од овој регион, југ и југоисточен. Планирано е во следните неколку месеци да се отворат осум продавници во оваа област. Во понудата се квалитетни производи од светски брендови, српски производи, како и брендови на Стокомак, вели Младеновиќ. зш/