Почетна Убавина и здравјеКако да се ослободите од првутот еднаш засекогаш – Експертите откриваат неверојатни решенија!

Како да се ослободите од првутот еднаш засекогаш – Експертите откриваат неверојатни решенија!

од nenad
3 минути читај за

Имаме решение! Споделуваме совети од експертите кои се занимаваат со проблемите со косата и скалпот, меѓу кои и како да се ослободите од „овој здодевен напасник“… Секој што имал првут знае за што зборуваме.

Во ред, јасно е дека појавата на првут не е поврзана со тоа колку често ја миеме или не ја миеме косата со шампон. Нашата кожа го следи сопствениот циклус на обновување, постепено отстранувајќи ги вишокот клетки. Првутот се јавува кога има зголемен клеточна делба, а овој процес на ексфолијација се случува нерамномерно, предизвикувајќи прекумерно лупење.

Зошто воопшто доаѓа до ова?

Не е познато точно зошто се појавува првутот, но многумина сметаат дека го предизвикува комбинацијата од генетика, алергија, осетливост и нерамнотежа на микроорганизмите на кожата“, вели трихологот д-р Доминик Бург.

Според овој експерт за проблеми со косата и скалпот, овој проблем е предизвикан од прекумерниот раст на микроорганизмите – како што се бактериите, квасците и габите – кои живеат на површината на скалпот. Кога овие микроорганизми ги консумираат природните масла на вашата кожа, тие можат да произведат нуспроизводи на кои телото реагира со лупење и воспаление. Но тоа е само хипотеза.

Без оглед на причината, повеќето од нас сакаат итно и трајно олеснување. Решението можеби не е толку едноставно, па затоа споделуваме како трајно да го решите првутот – во пет чекори.

1. Проверете дали навистина имате првут Пред да почнете со третман, прво проверете дали станува збор за првут или нешто друго. Сув скалп кој малку се лупи не треба да се меша со „вистинскиот“ првут. Состојбата на скалпот се менува со текот на времето, а многу луѓе забележуваат промени при смената на годишните времиња или при изложеност на термички третмани. Слабите реакции често може да се смират со поретка употреба на топлина или со префрлување на хидратантни формули.

Вистинскиот првут се одликува со средни до големи, мрсни снегулки, кои паѓаат“, објаснува д-р Бург.

Од друга страна, екстремните симптоми, како црвенило, иритација, рани или силно чешање може да укажуваат на себореичен дерматитис, кој бара посета на дерматолог, бидејќи генерално не може да се лекува само со лекови без рецепт. За потсетување, себореичниот дерматитис е кожна состојба, која предизвикува суви снегулки или масни наслојки, често придружени со црвенило. Се јавува на скалпот, но може да се појави и на помрсните делови од телото, како што се носот и ушите.


Поврзани објави

2. Побарајте соодветни шампони Откако ќе потврдите дека имате првут, побарајте шампони со антигабични активни состојки, како на пр. цинк пиритион, кетоконазол и селен дисулфид, кои се ефикасни во намалувањето на првутот.

НАША ПРЕПОРАКА: шампон против првут Revalid и Revalid Triple Active Shampoo DS.

3. Редовно мијте ја косата Иако често се мисли дека пречестото миење на косата или употребата на преголема топлина од фен предизвикува првут, тоа не е точно, велат експертите. Натрупувањето на производите за коса може да го влоши проблемот, па затоа од клучно значење е редовно да ја миете косата, особено ако користите производи како суви шампони или регенератори. Чешлањето ја стимулира циркулацијата и нежно го чисти скалпот.

4. Користете есенцијални масла Освен што мирисаат убаво, есенцијалните масла, како рузмарин, лаванда, зелен чај или мангостин, имаат антимикробни и антиинфламаторни својства. Експертите особено препорачуваат производи кои ги содржат овие масла, бидејќи тие се нежни за скалпот и долгорочно можат да спречат враќање на првутот. Сепак, дејствуваат побавно од посилните лековити состојки.

ВАЖНО: избегнувајте парабени и сулфати, бидејќи се премногу агресивни за осетливите скалпови.

5. Побарајте стручна помош (ако е потребно) Доколку не забележите подобрување по неколку недели, посетете дерматолог. Некои состојби бараат постојан третман или терапии на рецепт.

Текст: Јелена Белимарковиќ

Фото: Pexels