Почетна Убавина и здравјеЕфективни совети и третмани за блескави очи! – Убавина и здравје

Ефективни совети и третмани за блескави очи! – Убавина и здравје

од nenad
6 минути читај за

Ако страдате од отоци под очите или темни кругови – без разлика дали се предизвикани од генетиката, лош сон, болест, стареење или оштетување од сонцето – знајте дека не сте сами.

Темните кругови се исклучително чести, но добрата вест е дека постојат многу начини за нивно лекување. И уште подобри вести – многу од нив се мошне ефикасни и лесно може да се применуваат дома.

За да откриеме кои третмани навистина вреди да се пробаат, одлучивме да ги следиме експертите кои ги споделуваат своите најдобри совети и трикови на оваа тема.

Значи, продолжете да читате… а потоа веднаш пробајте ги препорачаните производи! Но прво да видиме што всушност ги предизвикува, па можеби и самото сознание ќе ви помогне.

КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ ОСОМНИЧЕНИ?

Иако темните кругови најчесто се поврзуваат со недостиг на сон, постојат голем број други фактори кои можат да ги предизвикаат, на кои дефинитивно треба да обрнете внимание:

СТАРЕЕЊЕ: Како што стареете, ризикот од појава на темни кругови се зголемува.

Стареењето предизвикува слабеење на ткивата и мускулите, вклучувајќи ги и оние околу очите, па масните перничиња се спуштаат и стануваат поистакнати, предизвикувајќи оток“, објаснува дерматологот Клер Волински, @drclairederm.

СОЛЕНА ХРАНА И АЛКОХОЛ: Доколку забележите оток под очите, причината може да биде и вашата исхрана богата со сол.

Преголемиот внес на сол предизвикува задржување на водата во бубрезите, што доведува до отекување на целото тело, вклучувајќи го и лицето“, вели д-р Волински.

Отокот предизвикан од сол обично е поизразен наутро и се намалува во текот на денот. Алкохолот е уште еден фактор кој може да предизвика задржување на водата во телото, што доведува до оток под очите.

ЗАТНАТИ СИНУСИ: Според дерматологот д-р Зеновиа Габриел (@drzenovia), затнатиот нос поради настинка или грип може да предизвика и подуени очи, бидејќи „шуплините што ја испуштаат течноста од лицето може се блокирани заради застојот во синусите“.

Симптомите на настинка обично исчезнуваат по неколку дена, па затоа не треба да се грижите, но ако често го имате овој проблем, можеби треба да одите на лекар. Тоа исто така ќе го реши и проблемот со подочниците.

ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ: Во некои случаи, темните кругови може да бидат симптом на посериозен здравствен проблем.

Пациентите со хипертироидизам може да имаат задебелување на масното ткиво околу очите, што предизвикува отоци“, вели д-р Мајк Сван, дерматолог и козметички хирург.

„Потечените очни капаци може да се појават и во случај на лупус, дерматомиозитис и други болести на сврзното ткиво“, вели тој.

Ако забележите долготраен оток што не можете да го отстраните, треба да посетите лекар.

КАКО ДА ГИ ОТСТРАНИТЕ ПОДОЧНИЦИТЕ

Освен основните совети за квалитетен сон и здрави навики, избегнување сол и алкохол и одржување добра хидратација на вашето тело, експертите нудат и поспецифични решенија, па затоа ви ги претставуваме главните препораки кои докажано дејствуваат…

1 ПРОБАЈТЕ МИКРОНИДЛИНГ

Третманот со микронидлинг може да биде најефикасниот начин за намалување на подочниците. Овој третман се изведува во ординација и користи мали игли за предизвикување микроповреди на кожата, со што се стимулира производството на колаген. Посетете овластен дерматолог за микронидлинг за да се осигурите дека третманот е безбеден и ефикасен.

2 КОРИСТЕТЕ НЕГА ЗА ОКОЛУ ОЧИ СО КОФЕИН И НИАЦИНАМИД

Состојката кофеин ги стеснува крвните садови, што помага да се намали отокот и да се осветли кожата под очите“, објаснува д-р Гаршик.

Таа, исто така, го препорачува ниацинамидот како состојка, бидејќи помага против црвенило, хиперпигментација и оток.

Посебно е погоден за луѓе со чувствителна кожа“, вели д-р Гаршик.

Во овој случај, резултатот е посветла и помазна област под очите.

3 ПРОБАЈТЕ КЕСИЧКИ ЧАЈ

Исто така, се препорачува користење ладни облоги со кесички чај, кои треба да се држат под очите 15–20 минути. Камилицата е одличен избор поради нејзините смирувачки својства. Д-р Гарсик додава дека кесичките чај со кофеин се уште подобра опција (црн или зелен чај).


Поврзани објави

4 ЧУВАЈТЕ ГИ ПРОИЗВОДИТЕ ЗА НЕГА НА КОЖАТА ВО ФРИЖИДЕР

Производите за нега што стојат во фрижидер може дополнително да ја смират кожата и да го намалат отокот“, забележува д-р Гарсик.

Ова важи за сите серуми, навлажнувачи и други производи за пределот околу очите. Размислете и за купување козметичко фрижидерче ако овој метод им одговара на вашите потреби.

5 КОРИСТЕТЕ СТУДЕНИ ВАЛЈАЦИ ЗА ЛИЦЕ ИЛИ МРАЗ

Студените валјаци за лице привремено го намалуваат отокот со тоа што ја подобруваат циркулацијата и ја смируваат кожата“, вели д-р Гарсик.

Шминкерот Шанел Темпл (@chaneltemple) од Лос Анџелес препорачува мраз:

Земете коцка мраз и нанесете ја на пределот под очите за да го намалите отокот и да ја подобрите циркулацијата“.

6 ПОТОПЕТЕ ГО ЛИЦЕТО ВО ВОДА СО МРАЗ

Слично на нанесувањето ладни производи или мраз, потопувањето на лицето во студена вода може брзо да го намали отокот под очите. Наполнете сад со ледена вода и потопете го лицето 10-30 секунди неколку пати додека забележите разлика.

7 ПРОБАЈТЕ МАСКА ЗА ОБЛАСТА ПОД ОЧИТЕ

Д-р Џојс Парк (@teawithmd) препорачува користење ладни маски за околу очи со антиинфламаторни својства, како што се зелениот чај или Centella asiatica.

8 ВКЛУЧЕТЕ АНТИХИСТАМИНИЦИ ДОКОЛКУ Е ПОТРЕБНО

Кај луѓето што страдаат од сезонски алергии, отекувањето под очите исто така може да биде поврзано со алергија“, вели д-р Гаршик.

Ако се сомневате дека вашите темни кругови се поврзани со алергии, консултирајте се со вашиот лекар, кој може да ви препорача антихистаминици. Обидете се да ја намалите изложеноста на алергените кои ги влошуваат симптомите.

9 РАЗМИСЛЕТЕ ЗА ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН

Ласерското обновување на кожата може да помогне да се затегне делот под очите и да се стимулира производството на колаген, што го подобрува целокупниот изглед на оваа област, вклучувајќи ги отокот и темните кругови, објаснува д-р Гарсик. Пред да се одлучите за третман, консултирајте се со дерматологот за совет за тоа кој ласер најдобро им одговара на вашите потреби.

10 РАЗМИСЛЕТЕ И ЗА ФИЛЕРИ

Оваа опција е особено погодна за луѓе со зрела кожа кои ги изгубиле волуменот и цврстината во оваа област. Отстранувањето на темните кругови со хијалуронски филери е еден од најбараните третмани во естетската медицина. Но, дури и во овој случај, прво треба да контактирате експерт за да утврдите дали сте соодветен кандидат.

У&З-препорака на препарати со кофеин и ниацинамид:

Collagen Specialist Eye Care, крем за околу очи, Vichy
Hyalu B5 Eye серум за пределот околу очите, La Roche-Posay
Lancôme Advanced Génifique Yeux крем за околу очи, „Еликсир ексклузив“
Hydro X∙Cell гел-крем за намалување на подочници и темни кругови, Bioten
Cannabo крем за околу очи, Реплек
Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: PR/Pexels