Почетна ЕкономијаМанџионе обвинет од федералните власти за убиство на директор на осигурителна компанија

Манџионе обвинет од федералните власти за убиство на директор на осигурителна компанија

од nenad
1 минути читај за

Големата поротa во Њујорк ја потврди федералната истрага со четири точки против Луиџи Манџионе, кој е под сомнение за убиството на Брајан Томпсон, извршен директор на компанијата за здравствено осигурување UnitedHealthcare.

Оваа процедура го носи поблиску до извршување на најстрогата казна, објави денеска „Еј-Би-Си њуз“.

Манџионе, покрај другото, е обвинет за нелегално поседување огнено оружје, прикриено демнење и убиство со употреба на пиштол.

Државниот обвинител Пем Бонди, претходно изјави дека ќе бара изрекување смртна казна за осомничениот, во согласност со политиката на претседателот Доналд Трамп „да се направи Америка побезбедна“.

Смртната санкција во државата Њујорк е всушност прекината со пресуда на апелациониот суд од 2004 година.

Меѓутоа, ако одредени кривични дела извршени на територијата на државата потпаѓаат под федерален домен, се предвидува шанса за смртна казна.

Убиството се случило во раните утрински часови на 6 декември 2024 година во срцето на Менхетен.

Според полициските сили, нападот се случил близу хотелот New York Hilton Midtown, каде што напаѓачот стрелал во Томпсон, веројатно со умисла. кб/Фото: ЕПА.