Во 2000-тите, музичарот барал само стан со две спални соби, но налетал на оваа резиденција на која не можел да ѝ одолее
Лени Кравиц ги отворил вратите на својот дом во Париз и го покажал секој агол од совршено уредената вила, во која живее 22 години.
„Не е тоа што го бараш, но мораш да го видиш ова“, му кажал агентот за недвижнини на Лени пред повеќе од 20 години, кога музичарот барал совршен дом во Париз со две спални соби.
Но наместо скромен стан, Лени го купил раскошниот дом на грофицата Ана Д’Орнано од 1920-тите.
Поврзани објави
Кога ја купил оваа феноменална палата, Лени толку се опседнал со желбата да го уреди домот совршено, што секоја недела одел на саеми за мебел, и така малку по малку, го претворил својот дом во уметничко дело.
Во центарот на ходникот има прекрасен светилник, кој ги фрла сончевите зраци на главната ѕвезда во домот – клавир од лимитирана серија што го дизајнирал самиот Лени, во соработка со Steinway & Sons.
Куќата се одликува со топлина, единственост и елеганција, со доза на рокерска автентичност.
Оваа куќа покажува дека Лени Кравиц не е само музичар, туку и успешен дизајнер на ентериер. Неговото студио „Кравиц Дизајн“, основано во 2003 година, има соработувано со брендови како Leica и Dom Perignon. Неговиот дом во Париз ја одразува таа креативна визија – мешавина на брутализам, афрофутуризам и софистицирани парчиња до 1970-тите години.