Почетна Убавина и здравјеЗорице и Кемиш слават голем и значаен мометн – ќе имаат и свадбена веселба! – Убавина и здравје

Зорице и Кемиш слават голем и значаен мометн – ќе имаат и свадбена веселба! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Ќерката Злата со емотивна порака, а пејачката откри дека конечно ќе облече венчаница

Во домот на Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранџеловиќ Кемиш денес владее славеничка атмосфера – познатиот пар прославува 41 година брак, а нивната ќерка Злата ги изненади со емотивна порака на Инстаграм.

Вашата љубов е како вино – со годините само станува поубава,“ напиша таа, нагласувајќи дека токму таа ја направила нивната приказна уште посебна.


Поврзани објави

Пејачката неодамна откри дека по четири децении конечно ќе организираат и свадбена веселба. Вели дека се венчале во домашна атмосфера, а црковниот обред го имале во Париз, но никогаш не направиле вистинска веселба со гости, музика и танц.

Ова ќе биде идеална прилика да ги собереме сите што ги сакаме. Ќе носам венчаница, ќе имам бидермаер, и ќе бидам невеста каква што никогаш не сум била,“ рече Зорица со насмевка, подготвувајќи се за денот што ќе го паметат засекогаш.

printskrin Youtube- zorica-brunclik-