Маријана Вучковиќ пред Жупанискиот кривичен суд во Сплит изјави дека нема никакви чувства кон Северина Вучковиќ, која во август годинава ја нападна со остар предмет и рече дека ќе ја гони докрај.Против пејачката Северина Вучковиќ ќе биде поведена судска постапка по кривичната пријава на нејзината сестра Маријана Вучковиќ, бидејќи обидот за посредување и помирување пропадна.Сестрата на пејачката, која во август годинава наводно била физички нападната од Северина, беше сослушана во петокот пред Жупанискиот кривичен суд во Сплит, а кога судијата ја прашал дали знае дека на Северина ѝ се заканува тригодишна затворска казна и дали има чувства кон неа, таа одговорила дека по се’ што доживеала од неа, не чувствува ништо и дека не се откажува да ја гони кривично.Пред судот, во петокот се одржа рочиштето по кривичната пријава на Маријана против сестра си Северина. Маријана пред судот изјави дека веќе нема емоции кон Северина по тепачката што ја преживеа летово и по киднапирањето на ќерка ѝ – открива извор близок до семејството Вучковиќ и понатаму наведува:Северина не се појави бидејќи наводно добила корона, шести пат во последните три години. Со оглед на тоа што не беше постигнато помирување како дел од обидот за посредување, по ваквата изјава на Маријана нема враќање назад и сега на Северина ќе ѝ се суди. Поврзани објавиЗа потсетување, на крајот на август и хрватските и српските медиуми објавија дека Северина прво се скарала, а потоа се степала со нејзината сестра Маријана, која по инцидентот потврдила дека пејачката ја нападнала во стан во Сплит, пред нивната мајка Ана. Таа тогаш рекла дека Северина се обидела да ја убие бидејќи ја нападнала со остар предмет.Северина има убиствен инстинкт, агресивна е и луда! Таа ме избоде со остар предмет, а јас се бранев! После тоа не се јавила во итната помош, што значи дека сакала да ме убие, изјавила тогаш Маријана и додала дека поради неа настрадале и нејзината мајка и поранешните партнери и дека се плашела дека може да му наштети на детето исто така На моето семејство му е тешко да се справи со неа бидејќи консумира разни наркотици и не сака да прифати помош од психијатар и да оди на лекување.Маријана е особено револтирана бидејќи Северина со своите манипулации ја сврте нејзината ќерка против родената мајка.
Ѝ се заканува затворска казна – Убавина и здравје
99