Секторот за внатрешни работи во Скопје во текот на вчерашниот ден (01.03.2023) продолжи со контроли во областа на сообраќајот. На територија на градот изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Исто така изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)… Контролите продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
171 возачи санкционирани во Скопје: 43 за прекршување на брзината.
82