Почетна Убавина и здравјеШто и да облече, секогаш ќе ги истакне своите раскошни облини, кои ја направија позната (ФОТО)

Што и да облече, секогаш ќе ги истакне своите раскошни облини, кои ја направија позната (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Што и да облече, Ешли Греам секогаш ќе ги истакне своите раскошни облини – така беше и овој пат…

Ешли Греам светската слава ја стекна благодарение на своите раскошни облини, но и борбата за „женскито тело“.

Плус-сајз моделот често истакнува дека женските тела не се исти и дека модната индустрија треба да размисли за наметнувањето „искривени“ стандарди за убавина. Нејзините инспиративни говори, како и борбата за жените во светот на манекенството, беа препознаени од брендот Викторија Сикрет, кој ја ангажира за своето камбек-шоу.

Ешли тогаш направи револуција во светот на манекенството и гордо се прошета на модната писта минатата година. Таа денес е добредојдена гостинка на големите настани, а неодамна го воодушеви Њујорк со смела модна комбинација.

Имено, Ешли беше фотографирана среде бел ден пред ресторанот во елегантна облека.


Поврзани објави

Како што можете да видите, убавицата облече тесен фустан во црвена боја, кој ги „бакнува“ нејзините раскошни облини. Својот стајлинг го комплетира со отворени потпетици и едвај забележливи додатоци.

Фото: Инстаграм