Почетна Убавина и здравјеЗошто Морган Фримен го носи овој накит? – Убавина и здравје

Зошто Морган Фримен го носи овој накит? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Познатиот актер Морган Фримен носи обетки поради многу мрачна причина

Славниот актер Морган Фримен (87) ја открил вистинската причина зошто секогаш ги носи своите препознатливи златни обетки, а објаснувањето е помрачно одошто би очекувале.

Често можеме да го видиме холивудскиот актер со овој детаљ, кој станал негов заштитен знак уште од филмот Street Smart од 1987 година, кога имал 49 години. Дури тогаш стекнал светска слава, а оттогаш редовно можеме да го видиме со златни обетки. Меѓутоа, тие не се моден додаток, туку еден вид „осигурување“ во случај на прерана смрт.

„Овие обетки… постојано ме прашуваат зошто ги носам. Вистината е дека вредат колку еден сандак – во случај да умрам во некоја странска земја. Затоа ги носеле и морнарите, од истата причина ги носам и јас“, рекол тој своевремено на Инстаграм.


Поврзани објави

Во интервју за Fox News од 2016 година, Морган објаснил дека за ова добил инспирација од актерот Берт Ланкастер, откако го гледал во филмот The Crimson Pirate, во кој се зборува за фиктивен морнар на Карибите.

„Кога бев дете, гледав пиратски филм со Берт Ланкастер, кој носеше обетка. Мислев дека тоа е секси. Подоцна дознав дека морнарите носат златни обетки за да можат да си го платат сопствениот погреб ако умрат во некоја странска земја. Јас сум морнар во душа, па тоа многу ме погоди“, признал и објаснил дека сака да ги носи, бидејќи го поврзуваат со морето.

ФОТО: Инстаграм