Почетна Убавина и здравјеТврди дека страда од психичко нарушување – Убавина и здравје

Тврди дека страда од психичко нарушување – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Дејвид Бекам има една навика која го излудува неговото семејство

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам признал дека неговото опсесивно-компулсивно нарушување понекогаш му оди на нерви на неговото семејство.

„Организиран сум до таа мера што тоа станува прилично напорно секој ден, бидејќи навистина многу сум организиран. Понекогаш ѝ одам на нерви на мојата сопруга. Понекогаш им одам на нерви и на моите деца“, открил Бекам на панел-дискусијата одржана по повод лансирањето на неговиот нов бренд за суплементи IM8.

Меѓутоа, таткото на четири деца, Бруклин (26), Ромео (22), Круз (20) и Харпер (13), кои ги има со сопругата Викторија, рекол дека често знаел да му каже на семејството:

„Без тато ништо не би било уредно, ништо не би било организирано и би заборавале работи.“


Поврзани објави

Поранешниот фудбалер ја насмеал публиката која присуствувала на панелот, кога на бината демонстрирал пример за своето опсесивно-компулсивно нарушување. Во еден момент прередил некои од црвените шишенца IM8, кои биле наредени во форма на пирамида.

„Ова не беше баш како што треба“, рекол тој додека ги местел шишенцата, што предизвикало насмевка кај публиката.

Бекам бил многу отворен во врска со своето ментално здравје во својот документарец „Бекам“, објавен во 2023 година.

„Имам опсесивно-компулсивно нарушување, па сè мора да биде под конец. На пример, кога ставам лименки сок во фрижидерот, ако има една вишок, ја преместувам во друго шкафче… сè мора да биде совршено“, раскажал тој.

ФОТО: Инстаграм