Почетна Убавина и здравјеКај нас беше популарна пред 20 години, стана баба на 38, а еве како изгледа сега! – Убавина и здравје

Кај нас беше популарна пред 20 години, стана баба на 38, а еве како изгледа сега! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Еве како изгледа Барбара Мори денес

Мексиканската сапуница „Руби“ се емитуваше во 2004 година, кога доживеа неверојатна популарност во Македонија.

Главната улога во серијата ја играше актерката Барбара Мори, кој стекна голема слава благодарение на нејзиниот злобен лик. Убавата актерка денес има 44 години, а на 38 години првпат станала баба. Нејзиниот инстаграм-профил е преполн со фотографии кои докажуваат дека годините не ѝ можат ништо, а познато е дека досега нема направено ниту една пластична операција.

Барбара ја осветлила косата, а во меѓувреме се посветила на малку посериозни улоги. Обожава да позира во природни изданија, често споделува фотографии од природа со обожавателите, но и не го крие својот приватен живот. Во филмовите и понатаму добива улоги на фатални убавици каква што беше и Руби.


Поврзани објави

Славната актерка започнала кариера како манекенка, а потоа на телевизијата „Астека“ почнала да глуми во латиноамерикански серии. Улогата на Руби е една од нејзините најпознати и оваа ролја ѝ има донесено награда за најдобра женска улога според ТВ-магазинот Novelas. За жал, Руби немала многу среќа во љубовта.

Од 2016 до 2017 година била во брак со актерот Кент Реј Сигман, но бракот не траел долго, како ни нејзината врска со политичарот Серхио Мајер, со кого има син Серхио Мајер Мори (21), кој, исто како и мајка му, многу млад добил ќерка.

ФОТО: Инстаграм