Почетна ЕкономијаГолема побарувачка за работа во Хрватска – се бараат овие професии!

Голема побарувачка за работа во Хрватска – се бараат овие професии!

од nenad
1 минути читај за

​Сезонската работа во Хрватска станува сè попопуларна меѓу граѓаните на Северна Македонија, особено во секторите како што се туризмот и угостителството. Според податоците, во 2024 година над 10.000 македонски граѓани заминале во Хрватска за сезонска работа.

Годинава потребата од сезонски работници во туристичкиот сектор се проценува на околу 70.000 работни места.

Хрватските компании најмногу бараат готвачи, слаткари, келнери, велнес терапевти и слично.

Платите за сезонските работници во Хрватска варираат во зависност од секторот, позицијата и искуството на работникот. Според податоците за 2025 година, просечната плата во Хрватска изнесува околу 1.361 евра месечно.

Позиции како собарки, помошници во кујна и келнери обично заработуваат меѓу 1.000 и 1.400 евра нето месечно за време на врвот на сезоната. ​

Позиции како готвачи и менаџери можат да заработат од 1.500 до 2.000 евра нето месечно, во зависност од локацијата и нивото на искуство.

Поради зголемената побарувачка за работна сила, особено во секторите како туризмот и угостителството, работодавците нудат повисоки плати за да привлечат квалификувани работници.