15
Блиските на починатите во најавата за маршот истакнуваат дека тој е организиран за искажување почит кон починатите и барање на правда. Семејствата на починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска организираат протестен марш под мотото „Марш за ангелите“, закажан за 12 часот и 5 минути. Маршот ќе започне Паркот на Револуцијата, ќе продолжи кон трговскиот центар и кон зградата на Општината, полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.