105
Работењето и сметките на Клиника Жан Митрев се уште блокирани поради пресудата на Кривичниот суд, која е донесена на еден ден пред закажаното прво рочиште. Обвинителката изјави дека нема намера да блокира болницата и тековното работење, па побара деблокирање на сметките. Клиника Жан Митрев ќе понуди имот како гаранција. Иако има блокирана сметка, таа продолжува да работи за своите пациенти и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање.