Почетна Убавина и здравјеЖените сами му се нуделе, а тој ѝ направил дете на најмладата од сите! – Убавина и здравје

Жените сами му се нуделе, а тој ѝ направил дете на најмладата од сите! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Џанлука Ваки освоил 3 децении помлада жена, со која со години ужива во хармоничен брак

Џанлука Ваки важи за најзгодниот Италијанец кому годините не му можат ништо. Имено, згодниот Италијанец има 56 години и ја носи титулата „најзгодниот дедо“. Годините не го спречиле ни да ја освои 27 години помладата Шерон, со која има дете.

„Иако имам чувство како да сум веќе во брак со Шерон, би сакал ќерка ми да расте во традиционално семејство. И да, би се оженил со Шерон. Сакам да кажам дека еден ден ќе се појавам пред неа со прстен и ќе ја прашам дали сака веднаш да се омажи за мене. Од друга страна, би сакал Блу да биде малку постара за да се сеќава на венчавката на своите родители“, изјавил Џанлука во една пригода.

Џанлука Ваки е роден во 1967 година во Болоња, а изгледот му донесе голема слава. Многу жени фантазираат за него, со оглед на тоа што е реализиран на сите полиња – образован, успешен, елоквентен и неодоливо згоден.

Порано бил шеф на компанија за производство на авто-приколки и член на Управниот одбор на фармацевтската фирма Fin Vacchi Finanziaria Vacchi. Меѓутоа, не му одело сè како подмачкано. По еден пропаднат бизнис и пропадната компанија, во чиј банкрот бил вмешан, бил осуден на затворска казна од 3,5 години.

Поради долгот од 10,5 милиони евра, банката му ги запленила луксузните и раскошни вили и јахти, како и акциите во голф-клубот.

„Тоа е само мал, потполно незначаен долг“, изјавил Лука, чие семејство поседувало фармацевтска компанија, која, и покрај добрата заработка, очигледно не можела веќе да го покрива неговиот екстравагантен начин на живот.


Поврзани објави

Љубовта му го сменила животот

Џанлука и Шерон се запознале на снимање на музички спот, каде што веднаш се вљубиле еден во друг. И двајцата отсекогаш посочувале дека воопшто не им пречи разликата во годините и се шегуваат дека Ваки има енергија на 15-годишно момче.

Кон крајот на октомври 2020 година, тие добиле ќерка на која ѝ го дале името Блу Ерусалима Ваки. Тогаш, на својата ќеркичка ѝ приредил спектакуларен пречек, што го споделил и на Инстаграм.

И покрај тоа што многумина им прогнозираа крај на љубовта поради големата разлика во годините, нивната врска сè уште е цврста. Пред неколку дена папараците забележале фотографии што му одат во прилог на тоа.

Имено, тие биле фотографирани при влегувањето во популарен ресторан во Мајами, додека тие биле видно расположени и насмеани. Џанлука привлекол внимание и со својата необична комбинација, каква што можат да облечат само смелите мажи.