Пејачката Лена Чолак откри дека за време на бременоста се здебелила 22 килограми.
Лена Чолак, која се прослави благодарение на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд и врската со синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, проговори за промените кои и ги донела втората состојба.
Се здебелив 22 килограми. Звучи многу, но не е. Никогаш не сум се почувствувала толку убаво и горда на своето тело”, напишала Лена.
Таа додаде дека нема поубаво чувство од тоа да знаеш дека наскоро ќе донесеш нов живот на светот.
Поврзани објави
Нема поубаво чувство од тоа кога во тебе чукаат две срца, кога во тебе расте ново суштество кое едвај чекаш да го видиш“, рече Лена, предизвикувајќи лавина од емоции и коментари за поддршка и од обожавателите и од колегите од шоубизот.
Да потсетиме, Лена Чолак неодамна му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник во Шведска.
printskrin Youtube/k1 televizija