Иванка и Ванеса биле многу блиски додека Ванеса била во брак со нејзиниот брат
Откако Тајгер Вудс и Ванеса Трамп јавно ја обелодениле својата врска во неделата, се огласила Иванка Трамп, инаку сестра на поранешниот сопруг на Ванеса, Доналд Трамп Јуниор.
Под двете фотографии од вљубената двојка, Вудс во неделата вечер напишал:
„Љубовта е во воздухот и животот е подобар со тебе покрај мене! Ѝ се радуваме на нашата заедничка животна авантура.“
Иванка искоментирала на објавата:
„Толку сум среќна за вас двајца.“
Освен тоа, додала и неколку емотикончиња со срца.
Иванка и Ванеса биле многу блиски кога биле дел од истото семејство, а многу често и се појавувале заедно на кампањи за време на првата претседателска трка на Доналд во 2016 година.
Ќерката на претседателот Трамп еднаш дури и ја нарекла Ванеса „чудесна жена“ поради нејзините мајчински способности.
Во интервју за „Пипл“ во 2016 година, Иванка изјавила:
Поврзани објави
„Мојата снаа Ванеса е машина. Може да се погрижи за сите мои деца, без да го забележи тоа. Има пет деца и таа е чудесна жена за мене. Може да се грижи за сите нив истовремено, додека таа има остварено директни и значајни врски со секое дете поединечно. Тоа е неверојатно.“
Тајгер Вудс и Ванеса, кои живеат на Флорида, се во врска од Денот на благодарноста. Живеат на 20 минути еден од друг во богатата област Палм Бич на Флорида, а биле видени заедно на голф-турнир минатиот месец.
Најстарата ќерка на Ванеса, Каи (17), и децата на Вудс, Чарли (16) и Сем (17), одат во истото училиште The Benjamin School, каде што школарината изнесува 38.595 долари годишно.
Но Вудс и Ванеса не биле присутни на јуниорскиот голф-турнир во Јужна Каролина, каде што учествувале Каи и Чарли оваа недела. Трамп Јуниор исто така не бил присутен, иако извори велат дека е во добри односи со новиот партнер на поранешната сопруга. Поранешната сопруга на Вудс, Елин Нордегрен, исто така, не присуствувала на настанот.
Пред неколку недели, Вудс ѝ се јавил на Елин за да ѝ ја соопшти новата вест, од страв дека нивната романса би можела да биде откриена во јавност.
Тој ѝ се јавил на 45-годишна Елин веднаш откако започнал врска со Ванеса, а анонимен извор открил дека нивниот разговор бил краток и непријатен, и траел само неколку минути.
„Тајгер и Елин се поддржуваат меѓусебно. Нејзината првична реакција беше: ‘Сериозно? Трамп? Стварно?’ Беше шокирана, но брзо го прифати тоа.
Не се луѓе што си даваат меѓусебни ‘благослови’, но се информираат за секој што ќе поминува време со децата.“
Другите членови на семејството Трамп, вклучувајќи ги сите пет деца на Ванеса и Трамп Јуниор веќе знаеле за врската.
Поранешната моделка и мајка на пет деца поднела барање за неоспорен развод од Трамп Јуниор на 15. март 2018 година во Њујорк.
Откако се развеле официјално, таа немала ниту една јавна врска сè досега.