Table of Contents
Нашите баби најдобро знаеле да заштедат и истовремено да приготват вкусно јадење
„Сиромашните“ јадења го добиле своето име по тоа што не чинат повеќе од 500 денари, а можат да го нахранат целото семејство. Еве за кои оброци станува збор…
Грав
Состојки:
- 500 г грав
- 1 главица кромид
- 2 моркова
- 250 г сланина
Приготвување:
На малку масло продинстајте ги кромидот и морковот, па додајте сечкана сува сланина и грав, што сте го измиле и потопиле во вода претходната вечер. Додајте зачини, сипете вода и гответе околу 2 часа.
Цена: 500 г грав е 90 ден., 250 г сланина е 225 ден., кромид и морков, околу 50 денари. Вкупно – 470 денари.
Боранија со пилешко месо
Состојки:
- 400 г замрзната боранија
- зеленчук за супа
- 250 г пилешко бело месо
- сол, бибер, лажица маст, свеж магдонос
Приготвување:
Во подлабоко тенџере, на малку маст продинстајте ги кромидот и сечканиот зеленчук за супа. Додајте го пилешкото бело месо исечкано на коцки, па додајте боранија и зачини и динстајте го сето тоа околу 15 минути. Сипете вода и гответе околу еден час. Потоа, додајте свеж магдонос и послужете.
Цена: 400 г боранија – 90 денари; зеленчук за супа е 75 ден., пилешкото месо е 200 денари. Вкупно: 365 денари
Кисела зелка со суви ребра
Состојки:
Поврзани објави
- 1 главица кисела зелка
- 500 г суви ребра
- 100 г сланина
- бибер, сува зачинска пиперка
Приготвување:
Ситно исечкајте ја зелката, па редете ја во подлабоко тенџере, така што ќе оди ред зелка, ред сланина и суви ребра и ред зелка. Сето тоа зачинете го со сува зачинска пиперка, малку лавор и сипете малку вода. Печете околу два часа.
Цена: киселата зелка е 110 ден. 1 кг; сувите ребра се 400 ден., сланината е 100 ден. Вкупно: 610 денари.
Зелена здрава чорба
Состојки:
- зеленчук за супа
- 200 г компир
- 250 г млада коприва
- 50 г ориз
Приготвување:
Продинстајте ги кромидот, морковот и зеленчукот за супа, па додајте сечкана коприва и компир. Сипете вода и гответе околу половина час. Додајте грст измиен ориз и зачини и гответе уште 15-тина минути.
Цена: Околу 350 денари.
Пилешки пиперкаш
Состојки:
- 2 пилешки батака
- 500 г компир
- зеленчук за супа
- 1 главица кромид
- зачини
Приготвување:
Продинстајте го зеленчукот на масло, додајте пилешко и зачини, сипете вода и гответе околу 40 минути. Исчистете го месото од коските, па вратете го во чорбата, додајте свеж магдонос и тргнете го јадењето од рингла.
Цена: пилешкото месо е 150 ден., компирот е 75 ден., зеленчукот за супа е 75 ден. Вкупно: 300 денари.