Кираџија во скопското село Волково со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот.
– Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Од МВР најавуваат повеќе детали за подоцна.