130
Утре дел од корисниците од улицата во скопската населба Радишани ќе бидат без вода поради промена на затварач и воздушен вентил од ф-80 милиметри на улица „Петко Јанчевски“ број 62. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае се до завршување на активностите.