Во меѓувреме, во судот се спроведени и тројца поранешни градоначалници на Кочани, кои исто така се под истрага. Тие се дел од проширената истрага која се фокусира на сите можни пропусти кои довеле до катастрофата…
Јавното обвинителство побарало 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, како и за тројца други високи функционери од Министерството за економија, кои се поврзани со трагичниот пожар во Кочани. Меѓу нив се и поранешната државна секретарка, Размена Чекиќ-Дуровиќ, и раководителот Беким Хаџиу. Овие лица се првите на кои им се бара притвор во рамките на пошироката истрага која ги опфаќа повеќе од 20 осомничени, објави „24 инфо“.
Истражните органи предходно изрекоа притвор само за седум полициски службеници кои се осомничени за постапување противзаконски во врска со трагедијата. Според информациите, обвинителството планира проширување на истрагата, а нови детали се очекуваат во следните денови.
Поврзани објави
Во меѓувреме, во судот се спроведени и тројца поранешни градоначалници на Кочани, кои исто така се под истрага. Тие се дел од проширената истрага која се фокусира на сите можни пропусти кои довеле до катастрофата.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени, продолжува да биде предмет на интензивна истрага. Властите најавуваат дека за секоја личност која ќе се утврди дека има одговорност, ќе биде преземена соодветна правна мерка.
Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб