Организаторите ќе објават нови термини по завршувањето на деновите на жалост
Поради големата трагедија што го погоди Кочани, концертите на познатиот црногорски пејач Сергеј Четковиќ, закажани за 21 и 23 март во Македонската филхармонија во Скопје, се одложуваат. Организаторите на настаните, компанијата Евентум, изразија длабоко сочувство до семејствата на настраданите и поддршка до сите засегнати од оваа несреќа. Тие најавија дека по завршувањето на деновите на жалост ќе бидат објавени повеќе информации во врска со новите термини за концертите.
Оваа одлука е донесена во знак на почит кон жртвите и нивните семејства, како и кон целата заедница која е погодена од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 59 лица, а над 150 беа повредени. Одложувањето на концертите е дел од националната жалост и солидарност со погодените семејства.
Поврзани објави
Организаторите ги замолуваат сите кои имаат купено билети за разбирање и трпение, ветувајќи дека ќе ги информираат за новите датуми на концертите веднаш по завршувањето на деновите на жалост.
Дополнителни информации ќе бидат достапни на официјалните канали на Евентум и Сергеј Четковиќ.
принтскрин – Јутјуб – Blic TV