Првата детска амбасада обезбедува поддршка за децата и семејствата погодени од трагедијата
По трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, Првата детска амбасада „Меѓаши“ отвори шест дополнителни телефонски линии за психолошка прва помош, насочени кон децата и нивните семејства.
Тимот на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ од денеска е во дополнителна засилена служба на децата, нивните семејства и сите други засегнати од пожарот“, соопштија од „Меѓаши“ преку нивната официјална фејсбук страница и додаваат:
„Потребен ти е разговор? Сакаш да дознаеш како можеш да помогнеш на најблиски?“.
Поврзани објави
Апелираат до граѓаните да ја користат психолошката поддршка која е достапна за сите кои се погодени од трагедијата.
Фото: принтскрин – социјални мрежи и Јутјуб