Настапот на новогодишната прослава во салата на Белградскиот саем се претвори во вистинска драма, откако пејачката Надица Адемов јавно соопшти дека нема да настапи поради непочитување на договорените услови од страна на организаторите.
Надица требаше да настапи заедно со уште неколку познати имиња од естрадата, меѓу кои Дарко Лазиќ, Радиша Трајковиќ – Ѓани и Александра Младеновиќ. Сепак, публиката која специјално дошла да ја слушне, наместо музички настап, беше сведок на неочекуван скандал.
Како што се наведува, проблемот настанал поради повеќекратни промени на сатницата за настапот. Иако пејачката имала јасно договорено време за излегување на сцена, организаторите неколкупати ја одложувале, што предизвикало незадоволство и револт кај неа.
Видно вознемирена, Надица излегла пред публиката и соопштила дека нема да пее, истакнувајќи дека договорот не бил испочитуван и дека не прифаќа ваков однос. По оваа изјава, таа ја напуштила сцената и салата.
Поврзани објави
Подоцна реагирал и нејзиниот колега Ѓани, кој изјавил дека тој настапил според договорот и дека не бил запознаен со недоразбирањата меѓу организаторите и Надица Адемов.
Инцидентот се случи во најсвечената ноќ од годината, кога илјадници луѓе очекуваа музика и забава, но наместо тоа, вечерта беше обележана со непријатна сцена и разочарување кај дел од публиката.
Фото: Printscreen TV Kurir