Според првичните информации, пожарот избувнал како последица на употреба на пиротехнички средства во затворен простор.
Во дискотека во Кочани, ноќта на 15 март 2025 година, избувна пожар за време на концерт на позната музичка група, при што загинаа 51 лице, а над 100 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи“, Панче Тошковски.
Според првичните информации, пожарот избувнал како последица на употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Министерот Тошковски потврди дека дежурен јавен обвинител веднаш излегол на терен, а истрагата за утврдување на точните причини е во тек. Тој истакна дека дел од организаторите на настанот се меѓу повредените, а неколку лица веќе се приведени.
Во координација сме со Јавното обвинителство и наскоро ќе излеземе со повеќе информации. Ќе мораме да работиме чекор по чекор, но јасно е дека секој кој погрешил ќе сноси одговорност,“ изјави Тошковски на прес-конференција.
Повредените се пренесени во неколку болници низ земјата, вклучувајќи ја Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, Клиничкиот центар и болницата „8 Септември“. Од нив, 27 лица се во критична состојба со тешки изгореници.
Министерот изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените, нагласувајќи дека сите ресурси на институциите се ставени во функција на расчистување на случајот.
Јавноста ќе биде информирана на секој час, час и половина, додека ја следиме состојбата на повредените и истрагата напредува“, додаде тој.
Целиот регион е во шок по оваа трагедија, а институциите апелираат на смиреност и воздржаност додека трае истрагата.