Table of Contents
Работничка на крузер открила што сѐ се случува „зад завесите“
Крузерите кријат бројни тајни, а работничка на еден таков брод одлучила да ги сподели во видео, кое брзо станало вирално и го шокирало Интернетот.
„Кога патниците би знаеле што навистина се случува во позадина, никогаш не би го гледале крстарењето со исти очи“, напишала таа под видеото на нејзиниот тикток-профил.
Нејзиното видео, кое има дури 8,3 милиони прегледи, открива шокантни факти за животот на брод.
Постојат скриени мртовечници
Една од најморничавите тајни е тоа дека постојат скриени мртовечници под палубата.
„Се користат почесто одошто мислите“, признала таа.
Кога некои патници ќе починат за време на патувањето, нивните тела се чуваат овде додека бродот пристигне на првото пристаниште.
Има и соба со знак ананас
Поврзани објави
Не се сите тајни морничави, некои се прилично интригантни. Работничката открила дека одредени гости доаѓаат на крстарење во потрага по несекојдневно искуство. Таканаречените „соби со ананас“ – оние со превртен знак ананас на вратите – не се само симпатичен декор.
„Тоа е кодирана порака за гостите кои бараат поинаков тип на забава“, посочила таа, алудирајќи на свингерите.
Постои и затвор за непослушни
Ако ги прекршите правилата на бродот, последиците може да бидат сериозни.
„Постои бродски затвор – мала заклучена просторија во која остануваат патниците кои не се придржуваат до правилата, додека бродот пристигне на пристаниште“, открила таа.
Јадењата се прават од вчерашните остатоци
Една од помалку привлечните тајни се однесува на храната. Работничката тврди дека остатоците од еден оброк честопати завршуваат во следниот.
„Супата што ја јадете? Можеби започнала како вчерашен прилог“, предупредува девојката во виралното видео.
ФОТО: Принтскрин ТикТок / @your.beauty.dose