Холандскиот дизајнер Дуран Лантинк го привлече вниманието со својата модна колекција на Модната недела во Париз, а фотографиите од неговата ревија станаа вирални.
Дуран Лантинк е познат по својот неконвенционален пристап кон модата. Тој во своите дела често флертува со чувствителни теми, комбинирајќи мотиви на голотија со актуелните модни трендови.
Уште во 2019 година, кога го лансира својот бренд, ги дизајнираше познатите „вагинални панталони“ за музичкото видео на Жанел Моне Пинк, предизвикувајќи негодување во јавноста.
А такви реакции успеа да предизвика на Модната недела во Париз.
Неговата последна колекција имаше панталони со исечок одзади, а ревијата ја отвори аргентинскиот модел Мика Арганџараз. Таа носеше елек од латекс, кој наликуваше на мускулесто машко торзо.
Се работи за косплеј, играње со лош вкус и форми. Секоја сезона се обидуваме да изненадиме – како да направиме нешто интересно од оригинално парче”, изјави Лантинк за WWD.
Поврзани објави
Во новата колекција, тој користел влошки од пена за да ги обликува костимите што ги носеа манекенките. Малкумина на социјалните мрежи коментираа за остатокот од колекцијата, бидејќи контроверзниот крој го украде вниманието.
Моделите можете да ги погледнете ТУКА.
Имено, шоуто го „затвори“ машки модел со големи силиконски гради.
Фото и видео: Инстаграм