Марија Шерифовиќ синоќа во Сава центар го одржа вториот од петте концерти, а во еден момент на присутните им се довери дека сака да стави точка на својата музичка кариера.
Марија Шерифовиќ синоќа ја забавуваше белградската публика со своите најголеми хитови, а паузата меѓу две песни ја искористи да раскаже како некогаш планирала да ја заврши кариерата.
Колку била решена во намерата говори фактот што купила билет, ги спакувала куферите и отпатувала во Лос Анџелес каде планирала да започне ново поглавје.
Поврзани објави
И така решив да не пеам повеќе. Не е шега, имам доказ. И јас одам во Л.А. Не ми е гајле, ќе смислам бизнис, ќе изградам некои згради, така си реков тогаш… И така беше, и случајно се вратив во Белград, делумно поради мајка ми, некои семејни работи и останав“ – изјавила пејачката.
За потсетување, Марија Шерифовиќ денеска во Сава центар ќе го одржи третиот концерт за кој билетите се распродадени во рекордно време.
Фото: printskrin Youtube/ Blic TV