Почетна Убавина и здравјеДознајте која е тајната на нејзината долговечност! – Убавина и здравје

Дознајте која е тајната на нејзината долговечност! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ема верувала дека едноставните животни навики, специфичната исхрана и емотивните мир играле клучна улога за нејзината долговечност

Ема Морано, Италијанка која живеела во дури три века и доживеала неверојатни 117 години, родена во далечната 1899 година, станала симбол на долговечноста.

Нејзината приказна им го привлекла вниманието на научниците, лекарите и медиумите, па многумина се обиделе да ја откријат тајната на нејзиниот долг живот. Самата Ема верувала дека едноставните животни навики, специфичната исхрана и емотивниот мир играле клучна улога за нејзината долговечност.

Особено интересна била нејзината исхрана. Поголемиот дел од својот живот, Ема секојдневно консумирала јајца, што го сметала за една од главните причини за својата виталност. Оваа навика ја имала уште од младоста, кога откако се разболела од анемија, докторот ја советувал да јаде три јајца дневно – две живи и едно варено. Години подоцна кога ја прашале дали некогаш ѝ досадил овој режим на исхрана, со насмевка одговорила дека никогаш не се жалела. Како што стареела, ја намалила количината на две јајца дневно, но ја задржала таа пракса до крајот на животот.


Поврзани објави

Покрај јајца, дел од нејзината исхрана била и една необична напивка – домашен пијалак на база на грозје, зачинет со ароматични билки. Иако би се очекувало од некој толку долговечен како неа да внимава на урамнотежената исхрана, Ема не била љубителка на овошје и зеленчук, што го изненадило и нејзиниот доктор Карло Баво, кој ја следел долги години. И покрај тоа, нејзиното здравје било стабилно, а енергијата и ведриот дух ја правеле посебна.

Нејзината долговечност не била поврзана само со исхраната, туку и со нејзиниот стил на живот. Откако во младоста ја изгубила својата голема љубов во Првата светска војна, завршила во брак кој не бил среќен, но успеала да се извлече од него. Донела храбра одлука никогаш веќе да не стапи во брак и му се посветила на едноставниот и мирен живот. Сметала дека токму одбегнувањето емоционален стрес ѝ помогнало да го одржи здравјето и да доживее толку длабока старост.

Ема Морано починала на 15 април во 2017 година и зад себе оставила инспиративна приказна за истрајноста, едноставноста и силата на духот. Нејзината долговечност не била само резултат на генетиката, туку и на нејзините животни избори. Нејзината приказна и денес служи како пример за тоа дека дисциплината, адаптацијата и внатрешниот мир можат да придонесат за долг и исполнет живот.

ФОТО: Tatiana Zanon / Unsplash