Почетна Убавина и здравјеЕве зошто Александра Пријовиќ не дојде на погребот на Поповиќ! Фановите со поделени мислења

Еве зошто Александра Пријовиќ не дојде на погребот на Поповиќ! Фановите со поделени мислења

од nenad
1 минути читај за



Саша Поповиќ, популарно телевизиско лице, музичар, продуцент, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, почина по кратко и подмолно боледување на првиот ден од март 2025 година.

Комеморацијата и погребот се одржаа вчера во Белград, а пријателите и колегите оддадоа почит и со срце застанаа покрај неутешното семејство на Саша Поповиќ.

Скршена од болка и без трошка шминка, бремената Александра Пријовиќ се појави во Сава Центар, во придружба на нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ. Сопружниците ги зазедоа своите места во првиот ред, а за време на комеморацијата Прија не можеше да ги задржи солзите.


Поврзани објави

По церемонијата присутните се упатија кон Бежанијските гробишта за да го препратат Поповиќ во вечниот одмор, но Александра Пријовиќ одлучи да не присуствува на погребот. Со оваа постапка таа не само што се оддалечила од дополнителен стрес и го зачувала своето здравје, туку ја почитувала и традицијата која вели дека на трудниците им е забрането да присуствуваат на погреби.

Да потсетиме, Александра Пријовиќ стекна огромна популарност додека се натпреваруваше во популарниот музички натпревар ‘Ѕвездите на Гранд, а Саша Поповиќ имаше само пофални зборови за неа.

Фото: printskrin Youtube/ SHOWTIME MAGAZIN