Почетна Убавина и здравјеСо вакви нозе и убавина, не е ни чудо што го освои 20 години постариот холивудски фраер (ФОТО)

Со вакви нозе и убавина, не е ни чудо што го освои 20 години постариот холивудски фраер (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Рози Хантингтон-Вајтли моментално е во Париз, а нејзините неодоливи модни изданија, како и нејзината беспрекорна фигура, и понатаму привлекуваат внимание.

Манекенката Рози Хантингтон-Вајтли, свршеница на еден од најпосакуваните момци во Холивуд, Џејсон Стејтам, не престанува да воодушевува со својот изглед, па по отворањето на Париската модна недела, кога изгледаше спектакуларно, ја гледаме во уште еден неодолив изглед – во истиот град, на истото место.

И овој пат остана доследна на црната боја, но по гламурозниот долг фустан, одлучи да покаже еден од нејзините главни адути – долгите, вити нозе.


Поврзани објави

Роузи носеше парче облека што го сакаат модните инфлуенсери и кое е моден хит оваа пролет – подолг блејзер со ремен околу половината, а одоздола ѕиркаше црна тантела, колку да заинтригира…

Со оваа комбинација, таа ја пушти косата и го комплетираше изгледот со црни чевли и црна чанта.

Фото: Инстаграм