Дали знаевте дека со еден, добро одбран тренинг, можете да согорите до 1.000 калории за еден час? Ова се најефективните тренинзи за слабеење.
Различните тренинзи согоруваат калории на различни начини.
Сè би било едноставно доколку бројот на потрошени калории за време на тренингот би бил секогаш ист, но тоа не е така. Бројот на калории што ги согорувате за време на тренингот зависи од повеќе фактори, меѓу кои најважни се времетраењето и интензитетот на вежбањето. Ако си поставите одредено темпо, колку подолго тренирате, толку повеќе калории ќе согорите. Исто така, ако си поставите одредено време, колку поинтензивни се вежбите, толку повеќе калории согорувате. А сепак, математиката не завршува тука.
Некои тренинзи согоруваат само 150 до 200 калории, додека други можат да согорат до 800 калории за еден час, а за да изгубите килограм за две недели, треба да согорите најмалку 500 калории. Дали сега е појасно колку е важен изборот на тренинг?
1. Најефикасните тренинзи за слабеење: Вежби кои согоруваат до 1.000 калории
Интезивен интервален тренинг: до 1000 калории
Овие активности согоруваат многу, до 1000 калории на час. Ова е тренинг со многу висок интензитет и не е за секого. Тоа е комбинација од џогирање, кардио и тренинзи за сила.
2. Табата: до 900 калории
Табатата е погодна за оние кои сакаат активни тренинзи. Ова е одлична интервална техника за зголемување на издржливоста. Теоретски, програмата е дизајнирана да комбинира 20 секунди интензивно согорување проследено со 10 секунди одмор, што ви овозможува да согорите до 900 калории на час.
3. CrossFit: околу 800 калории
Тоа е многу интензивна активност, па не е изненадување што ќе согорите огромна количина на калории додека трчате, кревате тегови и скокате со јаже. Ова е ефикасен тренинг за губење на тежината, градење сила, агилност и флексибилност.
Поврзани објави
4. Бокс: 500 до 800 калории
Овој популарен спорт не само што ќе ви ги затегне рацете, туку и ќе ви овозможи да согорите од 500 до 800 калории на час. Дополнително, боксот може да помогне да се подобри рамнотежата, издржливоста, па дури и држењето на телото. Освен тоа, вие ќе бидете последната личност со која некој сака да се бори.
5. Пливање: 450 калории
Постојат различни стилови на пливање кои го менуваат вкупниот број на потрошени калории. Но, во просек, пливањето ви овозможува да согорите од 180 до 300 калории за половина час. Доколку планирате интензивно да вежбате, вашата потрошувачка се зголемува на околу 450 калории.
6. Зумба: 400 до 600 калории
Ако танцувате со сета сила, можете да согорите од 400 до 600 калории за време на овој латиноамерикански танц. Веројатно толку многу ќе се забавувате правејќи го тоа што нема ни да забележите. Зумбата влијае на неколку различни мускулни групи одеднаш за целокупното тонирање на телото.
7. Качување по скали: околу 300 калории за 30 минути
Не мора ни да одите во теретана за активно да согорувате калории. Заборавете на лифтот, најдете ги скалите. Качувањето е одличен тренинг за долниот дел од телото, кој вклучува и кардиоваскуларна работа. Качувањето по скали со умерен интензитет согорува 180 до 300 калории на секои 30 минути. Забрзувањето на темпото може да го зголеми овој број.
Фото: Pexels.com