Почетна Убавина и здравјеЕдноставен трик што ќе ви помогне да се ослободите од непријатните мириси од фрижидерот

Едноставен трик што ќе ви помогне да се ослободите од непријатните мириси од фрижидерот

од nenad
1 минути читај за



Кога во фрижидерот ќе се насоберат непријатни мириси, тоа може да се претвори во вистински кошмар.

Обично решението е темелно чистење, но тоа можете да го избегнете со користење на едноставен трик со сунѓер, кој ќе го елиминира мирисот.

Сè што треба да направите е да ставите чисти, неискористени сунѓери во фрижидерот. Не само што ќе ја апсорбираат влагата и ќе спречат акумулација на вода на храната, туку ќе ги апсорбираат и мирисите, со што ќе реши еден многу чест проблем.


Поврзани објави

Доволно е на секоја полица да ставите по еден сунѓер и да го менувате на неколку дена или кога ќе забележите дека му се променил изгледот или дека е влажен. Тие се менуваат за да не се појави мувла.

Доброто е што за оваа намена не мора постојано да купувате нови сунѓери, туку купете неколку и менувајте ги, па дезинфицирајте ги и исушете ги. Најдобар начин да се дезинфицира сунѓер е да се вари во сад со течност за миење садови.

Фото: Pexels