Почетна ЕкономијаАлбанската Ѓока констракшн ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар

Албанската Ѓока констракшн ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар

од nenad
1 минути читај за

Компанијата Ѓока констракшн од Албанија преку јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза. Ова за БИРН го потврди министерот за здравство, Арбен Таравари.

На огласот, кој беше распишан на 15 ноември се јавила само Ѓока констракшн. Компанијата е формирана во Тирана во 1994 година, од 2022 има регистрирано подружница и во Скопје.

Таа ќе стопанисува со паркингот во следните 20 години, а како што објави 360 степени, во огласот се превидува приватниот партнер да изгради две катни монтажни гаражи, да стопанисува со целиот паркинг на Клинички, а за возврат државата да добие еден отсто од вкупните остварени годишни приходи.

Според проценката на Министерството за здравство инвестицијата би го чинела концесионерот нешто над десет милиони евра. Моментно, на Клиничкиот центар има 800 паркинг места, а со двете катни гаражи би се добиле уште 800 до 900.

Ѓока констракшн во Албанија со години добива големи тендери. Еден од нив е изградбата на автопатот кој треба да го поврзе Дебар со Тирана. Покрај со градежништвото, семејството Ѓока има компании поврзани со енергетскиот бизнис.

За целиот текст на Призма